Можно е укинување на роамингот за сите земји од Западен Балкан

4 мај, 2018 | 8:32 часот | 285 прикажувања |

На самитот на ЕУ- Западен Балкан во Софија, што ќе биде одржан на 17 мај, може повторно да биде активирана иницијатива и потпишан договор за укинување на роаминг на сите земји од Западен Балкан.

Ова во изјава за Танјуг го соопшти српскиот министер за трговија, туризам и телекомуникации Расим Лајиќ.

„Ние пред три години потпишавме договор со Македонија, БиХ и Црна Гора. Сега и Косово и Албанија сакаат да се приклучат кон тој договор да имаме укинат роаминг на просторот на Западен Балкан“, рече Лајиќ.