Пругата од Кичево до Лин ќе чини 500 милиони евра

30 ноември, 2017 | 15:19 часот | 224 прикажувања |

Охридскиот регион ќе добие пристап до железничка мрежа со проектот за изградба на пругата Кичево – граница со Албанија, во должина од 63 километри. Проектната и тендерската документација е подготвена, а во наредниот период од меѓународни кредитори ќе се бараат потребните 500 милиони евра колку што е проценетата вредност, пренесува МИА.

На денешната презентација на проектната документација, изготвена со 7,7 милиони евра од ЕУ, беше соопштено дека рутата на пругата е од Кичево низ планините до регионот на Мешеишта, од каде минува покрај Струга каде што ќе биде главната станица по што ќе продолжи кон западниот дел на Охридското Езеро, ќе минува низ Радожда и ќе се поврзе со границата со Албанија кај населеното место Лин.

„Режимот за станици и постојки почнува кај Железничката станица во Кичево, која ќе биде рехабилитирана и модернизирана со нова техника. Имаме еднократна железничка линија и потребни ни се премини низ кои ќе минуваат возовите. Првата постојка ќе биде во Прштани, потоа следат Сливово, Пресека, Издеглавје, Мешеиште, каде има можност за повзрување со Охрид и аеродромот во Охрид, по што следи станицата во Струга и постојката во Радожда. Максималната брзина на пругата треба да биде 100 километри на час“, рече Хелмут Шилц, тим лидер на пректот во кој беа вклучени

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески апелира до Европската унија да ја поддржат реалзиација на овој, како што рече, клучен проект за Македонија и за целиот регион.

„Со изградбата на пругата Кичево до Лин, како и доизградбата на пругата кон Бугарија, за кој е поставен рок до 2025 година, посочи Сугарески, треба да се овозможи функционална железничка мрежа долж Коридорот 8. – И покрај нашата цел да обезбедиме пари и да почне изградбата на пругата кон Албанија, врвен приоритет на Владата останува доизгрдабната и модернизацијата на пругата кон Бугарија“, рече Сугарески.

Како што информира, изградбата на делницата Куманово-Бељаковце ќе биде завршена до 2019 година во рамки на роковите предвидени со меморандумот потпишан со Бугарија. За делницата од Бељаковце до Крива Паланка треба да се склучи договор со изведувач до средината на 2018 година и да почне изгрдабата, а за последната делница од Крива Паланка до Деве Баир во завршна фаза е изработката на проектната документација.

Евроамбасадорот Семуел Жбораг истакна дека ЕУ дава значење на овој проект со кој ќе се доградат деловите што недостасуваат за транспевроспка транспортна мрежа и ќе се решат тесните грла во инфраструктурата. – Овој проект ќе ја овозможи врската од 63 километри на Коридорот 8. Националните аалсти ќе имаат проект што ќе можат да го спроведат на начин што е возможен финансиски, рече Жбогар.

Железничката линија на Коридорит 8 е со должина од 315 километри. Почнува од пристаништето Бургас во Бугарија, минува низ територијата на Македонија и завршува во пристаништето Драч во Албанија.