Шест месеци условна казна за поранешниот советник Јордан Ристески

30 ноември, 2017 | 14:30 часот | 241 прикажувања |

Јордан Ристески, поранешен советник на ВМРО-ДПМНЕ, во општина Центар, кој призна вина како обвинет во случајот за „Насилството во општина Центар“ доби шест месеци условна казна. Пресудата веднаш станува правосилна бидејќи обвинетиот се откажа од жалба до Апелација, а жалба нема да поднесе ниту СЈО.

Ристески, пред судот рече дека ја признава вината без закани, притисоци и уцени, давајќи ветување дека во иднина нема да стори кривично дело. Тој е второобвинет во овој предмет, кој ја признава вината, откако истото го стори и советникот Томислав Лазаров, кој доби условна казна од шест месеци.

Во овој предмет обвинети се уште 12 лица, меѓу кои и екс премиерот Никола Груевски и екс министерот Миле Јанакиески.

Обвинителката Фатиме Фетаи во завршниот збор и точно ја опиша улогата која ја имале дел од обвинетите во овој случај.

„Локација од која извира идејата за настанот е од мозокот на Никола Груевски, а веднаш по него е послушникот Миле Јанакиески. Лазаров е еден од потикнувачите на извршителите на насилството“, рече Фетаи.

фото: Фокус