Без присуство на членовите на ВМРО-ДПМНЕ, Комисијата одобри одземање на имунитетот на шесте пратеници

30 ноември, 2017 | 12:49 часот | 1.975 прикажувања |

Со пет гласа „за“ и ниеден „против“, Комисијата за мандатно имунитетни прашања со поединечно гласање за секој од шесте пратеници го одобри барањето за притвор.

За Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Жаклина Пешевска, Љупчо Димовски и Јохан Тарчуловски, судија на претходна постапка побара симнување на нивниот пратенички имунитет заради одредување на мерка притвор како осомничени за време на насилните протести на 27. април.

На седницата на Комисијата не беа присутни Крсто Муковски и Јохан Тарчуловски, кои се членови на Комисијата и пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, а не дојдоа ниту останатите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.

Деловникот на Собранието предвидува, по завршување на комисиската расправа, конечната одлука да ја донесе Парламентот на пленарна седница.