Бејли: Одговорност за 27 април, но и презумпција на невиност

30 ноември, 2017 | 12:41 часот | 393 прикажувања |

Американскиот амбсадор во земјава Џес Бејли, денеска по средбата со собранискиот спикер Џафери, истакна дека Амбасадата на САД будно ги следи настаните поврзани со случувањата во Собранието на 27 април.

„Како што веќе кажавме, ние, како пријател и силен поддржувач на Република Македонија, ги следиме овие важни случувања. Полицијата, обвинителството, судскиот систем, треба да постапуваат транспарентно со целосно почитување на највисоките стандарди. Секако, ние, ЕУ, рековме дека одговорните за настаните од 27 април треба да понесат одговорност, но во процесот, исто така, мора да се почитува презумпцијата на невиност. И денеска во Парламентот ќе има важна дискусија. Тоа е улогата на Парламентот, да дискутира. Тоа е дел од демократското владеење“, рече амбасадорот Бејли.

На прашањето дали негов наследник како амбасадор ќе биде Брајан Хојт Ји, Бејли посочи дека во моментов нема никаква номинација за следниот амбасадор на САД во Македонија, а единствено надлежна за назначување на дипломати е Белата куќа.