
Во филијалата на банката „Силк роуд“ во Охрид е пријавен грабеж. Грабежот е пријавен до охридската полиција претпладнево околу 11 часот, потврдија од СВР Охрид.
Полициските екипи се на местото на настанот. По увидот се очекуваат повеќе детали за грабежот.