Координативна средба за загадувањето во главниот град

8 ноември, 2017 | 9:34 часот | 243 прикажувања |

Министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураку и заменик министерот Јани Макрадули денеска ќе одржат состанок за координирање и усогласување на активностите за намалување на загадувањето на амбиенталниот воздух со градоначалникот на Скопје и градоначалниците на општините од Скопскиот плански регион.

На состанокот, како што информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање, ќе бидат презентирани моменталната состојба, законските ингеренции, актуелните планови, досегашните искуства и проблеми, како и предлог мерките и патоказите за дефинирање на идна комуникација и делување да имаат МЖСПП, УНДП, Државниот инспекторат за животна средина и Инспекцискиот совет.

На средбата, како што е најавено, ќе присуствуваат и постојниот претставник на УНДП во Македонија Луиза Винтон и градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.