Доделени наградите „ЛИДЕР“ за најдобар ученик по струки од завршните години

27 април, 2018 | 14:54 часот | 363 прикажувања |

Министерката за образование и наука д-р Рената Дескоска, денеска ги додели наградите од изборот за најдобар ученик по струки од завршните години –„ЛИДЕР“ од средните стручни училишта во Република Македонија во оваа учебна година, кој четврта година по ред го организира Министерството за образование и наука во соработка со Центарот за стручно образование и обука, и со несебична поддршка на професори од високо образовните установи во државата и претставници на бизнис заедницата.

Натпреварот имаше една единствена цел, а тоа да се поврзат теоријата и практичната работа, за учениците да можат своето знаење да го преточат во изуми, кои подоцна ќе ги користат во наставата.

Оваа учебна година за учество во натпреварите се  пријавија средношколци од 21 образовен профил од осум струки, односно машинска струка, електротехничка струка, сообраќајна струка, економско – правна и трговска струка, земјоделско – ветеринарна струка, хемиско – технолошка струка, угостителско – туристичка струка  и струката лични услуги.

Министерството за образование и наука ги поддржува  ученичките активности кои придонесуваат за унапредување на знаењата на учениците и го поттикнуваат натпреварувачкиот дух кај младите.