Лидерите на двете Кореи се заложија за траен мир и денуклеаризација на полуостровот

27 април, 2018 | 12:53 часот | 526 прикажувања |

Лидерите на двете Кореи, Ким Џонг-ун и Мун Џае-ин се договорија за потполна денуклеаризација на корејскиот полуостров на историскиот самит кој се одржа во селото Панмуџон.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун за првпат ја премина границата и стигна во Јужна Кореја каде беше дочекан од тамошниот претседател Мун Џае-ин, кој го пофали поради „многу храбрата одлука“ да дојде на југот на историски состанок на двете Кореи.

Ким изразил желба на Корејскиот полуостров никогаш повеќе да нема војна и да се заврши ерата на конфликти.

Во заедничкото соопштение, објавено после попладневниот историски разговор на двајцата лидери, се наведува дека двете држави се согласуваат дека со Кина и САД ќе разговараат за сегашниот режим на прекин на огнот да се замени со мировен доовор. Мировниот договор ќе потпишан подоцна оваа година.

Двајцата лидери искрено разговарале за денуклеаризација на Корејскиот полуостров, изградба на трaен мир и развој на односите меѓу Југот и Северот.

„Ајде почесто да се состануваме. Ајде да изградиме подобар свет“, рекол Ким. Севернокорејскиот лидер истовремено му ветил на својот јужнокорејски колега дека ракетните проби „повеќе нема да го пореметуваат утринскиот сон“ на граѓаните на Јужна Кореја.