Норвешки воз усмрти 17 ирваси

30 ноември, 2017 | 10:29 часот | 280 прикажувања |

Новрешки воз удрил во стадо од ирваси во арктичкиот регион на земјата, убивајќи 17 од нив, само денови по слични инциденти кои резултираа со смрт на десетици ирваси.

Како што соопштиле надлежните, најновиот судар со животните се случил 20 километри од местото каде во саботата воз прегази 65 ирваси.

Брзината на движење на возовите е веднаш намалена долж делницата од 32 километри на најдолгата норвешка пруга во централна Норвешка. Државната железничка компанија претходно соопшти дека не ги известила машиновозачите за присуство на животни на пругата и потребата да ја намалат брзината. Возовите прегазуваат ирваси од 22 до 25 ноември и убиле 110 животни.