Пожар во Преспа, гори борова и дабова шума

26 април, 2018 | 11:37 часот | 709 прикажувања |

На 25.04.2018 година во 16:00 часот во полициската станица Ресен било пријавено дека во атар на с.Лева Река, на место викано „Курјак“, на непристапен терен, од спој на електричен кабел настанал пожар.

При пожарот била опожарена борова и дабова шума, а пожарот се ширел кон с.Кривени. Пожарот е се уште активен, а на место се излезени екипи од Територијалната противпожарна единица Ресен, Јавното претпријатие „Македонски шуми“ и дел од месното население.

Се преземаат мерки за гаснење на пожарот.

За пожарот е запознаена и Дирекцијата за заштита и спасување.