Колинда Грабар-Китаровиќ во официјална посета на Македонија

26 април, 2018 | 9:28 часот | 210 прикажувања |

Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ денеска е во официјална посета на земјава. Домаќин на хрватската претседателка ќе биде, претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов.

Колинда ќе биде пречекана со највисоки државни и воени почести пред претседателскиот Кабинет „Вила Водно“.

Китаровиќ ќе има средба со Иванов, а предвиден е и пленарен состанок на официјалните делегации на двете земји. По состанокот се очекува двајцата претседатели да имаат заедничка прес-конференција.

Хрватската претседателка ќе се сретне и со претседателот на Собранието Талат Џафери.