Атинскиот градоначалник Јоргос Каминис во посета на Македонија

26 април, 2018 | 8:11 часот | 341 прикажувања |

Градоначалникот на Атина Јоргос Каминис денес и утре ќе престојува во Скопје, во текот на оваа посета се очекува Каминис да потпише спогодба за соработка меѓу двата града со градоначалникот Петре Шилегов

Тоа ќе биде втора средба на градоначалниците на Атина и Скопје.

Тие прв пат се состанаа во главниот град на Грција во почетокот на февруари годинава.