Алардајс на чело на Евертон, Пардју ќе го предводи Вест Бромвич

29 ноември, 2017 | 19:18 часот | 191 прикажувања |

Eкипата на Евертон го назначи Сем Алардајс за тренер на клубот, додека нов стратег на Вест Бромвич ќе биде Алан Пардју.

Сем Алардајс доаѓа на местото од Роналд Куман кој и покрај многуте донесени засилувања во летниот преоден рок комплетно потфрли со резултатите поради што клубот му врачи отказ.

„Биг Сем“ се очекува да го помести Евертон од долниот дел на табелата и да го врати меѓу првите десет каде што и припаѓа.

И во ВБА не беа задоволни од резултатите оваа сезона па му врачија отказ на Тони Пулис, неговото место во завзема Алан Пардју кој минатата година го водеше Кристал Палас.