Дијамантот „Розево ветување“ продаден за сума од 32 милиони долари

29 ноември, 2017 | 19:09 часот | 271 прикажувања |

Овален розов дијамант под името „Розево ветување“ е продаден за сума од 32,16 милиони долари за време на трговска аукција во Хонг Конг.

Дијамантот од 14,93 карати го купила неидентификувана личност, која ја упатила понудата преку телефон, што било дочекано со аплауз во салата.

Аукциската куќа „Кристис“ соопшти дека ова е втора по висина платена цена по карат за еден розов дијамант, зад петкаратниот розов скапоцен камен, кој во 2009 години беше продаден во Хонг Конг за 10,78 милиони долари.

Проценетата цена на дијамантот по име „Розово ветување“ била 42 милиони долари, но не е постигната, пренесе АП.

Апсолутен светски рекорд е постигнат порано годинава, кога огромниот дијамант „розова ѕвезда“ беше продаден на аукциската куќа „Сотбис“ за 71,2 милиони долари.