13 притвори и 6 домашни притвори за приведените од 27 април

29 ноември, 2017 | 18:45 часот | 1.004 прикажувања |

Кривичен изрече 13 мерки притвор и 6 куќен притвор за осомничените за настаните во Собранието од 27 април, пренесува Сител.

30-дневен притвор доби екс-директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков, актуелниот член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и еден од оранизаторите на протесатите за заедничка Македонија Богдан Илиевски и оперскиот пејач Игор Дурловски.

Мерка домашен притвор им е определена на останатите двајца организатори на протестите режисерот Борис Дамовски и актерот Владо Јовановски.

Останатите осомничени лица на кои им се определени мерки се службеници вработени во Собранието и граѓани кои на 27 април влегоа во зградата на Законодавниот дом. Сите нив обвин ителството ги товари за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста на државата.

Сепак, овие решенија се уште не се правосилни и странките имаат рок од 24 часа да ги обжалат пред Кривичниот совет.

Адвокатите на дел од осмничените и јавно реагираат на донесените решенија.

„Сите лица се осомничени за истото дело, тероризам, меѓутоа и овојпат се виде дека при одлучување за мерките за обезбедување присуство судот има двојни аршини бидејќи на едни им е одредена мерка притвор, а на други куќен притвор иако се осомничени за истото дело“, рече авокатот Душко Јанковиќ.

За 6-те пратениците за кои судот побара одеземање на имунитетот, Кривичен ќе решава по одлуката на Собранието.

За лицата кои се опфатени во предлогот, а во моментот извршуваат функција Пратеник во Собрание на Р.М., судијата на претходна постапка ќе пристапи кон одлучување по предлогот на обвинителството откако ќе биде одлучено по барањето на судот испратено до Претседателот на Собранието на Р.М, се вели во соопштението на Кривичен.

Оттаму додаваат дека од вкупно 36 осомничени лица, вчера на распит биле донесени 24. По останатите 12 полицијата се уште трага.

извор: Сител