Во Ресен одбележан Светскиот ден на книгата

23 април, 2018 | 14:00 часот | 616 прикажувања |

Светскиот ден на книгата и авторското право, установен од УНЕСКО, претпладнево се одбележа и во Општинската установа Дом на култура „Драги Тозија“ во Ресен.

По повод одбележувањето на 23 април, беше распишан награден конкурс на тема „На крилјата на книгата патуваме низ времето“ за учениците од основните училишта во Преспа. На конкурсот со свои творби се пријавија околу 40-тина учесници, кои сопствените дела ги испратија под шифра.

Денес, пред големиот број присутни љубители на пишаниот збор, на традиционалното одбележување на Светскиот ден на книгата и авторското право, беа доделени две први награди, една втора и една трета награда.

Пред присутните беа прочитани годинешните пораки по повод Светскиот ден на книгата и авторското право на министерот за култура Роберт Алаѓозовски и пораката на генералниот директор на УНЕСКО, Одре Азуле.