Скопјанец за четири месеци ограбил седум аптеки во Битола

23 април, 2018 | 13:22 часот | 367 прикажувања |

Во период од четири месеци, Д.Ј. од Скопје, обрабил седум аптеки во Битола.

МВР соопшти дека пријавениот, со закана со пиштол извршил разбојништва, при што ги одземал парите од дневниот промет, како и шишиња метадон.

Со сторените дела пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 126.100 денари.