Урко – поранешниот телохранител на Груевски, не се појави на рочиштето за „Тенк“

23 април, 2018 | 13:19 часот | 323 прикажувања |

Дејан Митревски – Урко, поранешниот телохранител на тогашниот премиер Груевски, денеска не се појави во предвиденото време да сведочи пред судот за предметот „Тенк“ кој го води Специјалното јавно обвинителство.

Урко требаше да сведочи за набавката на владиниот блиндиран „мерцедес“ кој според проценките чинел околу 600 илјади евра, а бил купен во координација на Груевски и вработени во МВР меѓу кои и екс министерката Јанкуловска.

СЈО ги сомничи дека постапката ја воделе надвор од законските норми.