Груевски: Ова е последниот чин на пресметка со слободномислечкиот Македонец

29 ноември, 2017 | 17:33 часот | 3.247 прикажувања |

Ова е последниот чин на пресметка со слободномислечкиот Македонец и граѓаните кои се одважија да кажат став за разградувањето на државата, против Тиранската Платформа, против насилието на власта. Против секој кој мисли македонски и се грижи за националните интереси, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на неговиот Фејсбук профил.

Според Груевски во прашање е државата, а ова веќе не е правда, законите и Уставот не важат и државата е заробена.

„Погледнете денес не е тема тоа што секоја втора вечер имаме убиства, имаме насилие, грабежи, рекетари, тема се луѓето кои беа на страната на државата. Ова се прави за да се отвори пат за промена на име, идентитет, јазик, неуставна двојазичност, историја“, вели Груевски во својот Фејсбук статус.