Судскиот совет бира претседател на Кривичниот суд

8 ноември, 2017 | 9:30 часот | 702 прикажувања |

Судскиот совет на Република Македонија на денешната седница се очекува да избере претседател на Основен суд Скопје 1, на што ќе претходи усвојување на конечната ранг-листа за оваа функција.

Претходно, членовите на Судскиот совет ќе ја разгледаат оставката на в.д. претседателот на скопскиот Кривичен суд, Стојанче Рибарев, кој ја поднесе на 25 октомври од лични причини.

Рибарев ја извршуваше функцијата в.д. претседател на Кривичен суд Скопје од мај годинава.

На дневен ред на седницата е разгледувањето и оценувањето на извештаите за работата на судовите во Република Македонија за третото тромесечие за 2017 година.