За нас

Македонија 365 е информативен портал кој има за цел да придонесе кон содржинско и суштинско збогатување на македонскиот медиумски простор. Медиумот ќе го промовира објективното, аналитичко и истражувачко новинарство, преку навремено и точно пренесување на информации од потврдени извори. Како дел од заложбата за подемократско општество ќе биде и пренесувањето на личните ставови и размислувања за предизвиците со кои се соочува македонското општество на голем број интелектуалци од најразлична сфера на делување.
Во Македонија 365 секој ќе има можност да објавува свои научни и аналитички текстови, фото и видео репортажи, поезија, колумни, фељтони, како и друг вид на материјали. Уредништвото на порталот особено ги охрабрува младите луѓе на возраст од 18 до 35 години да се вклучат со своите прогресивни идеи и ставови за актуелностите и темите кои ги засегаат во македонското општество. Своите идеи, ставови и погледи на состојбите во македонското општество може да ни ги испратите на [email protected]