Миле Бошњаковски: Владата на РМ нема никаква поврзаност со изборот на директор на МРТ

14 февруари, 2018 | 12:24 часот | 61 прикажувања |

Владата на РМ нема никаква поврзаност со изборот на  директор на МРТ, изборот е одлука на Програмскиот совет на МРТ кој фунционира во стариот состав, граѓаните знаат кој членува таму под чие влијание тој работи и како е напраен овој избор.Вели Миле Бошњаковски портпарол на Владата.

Веднаш по усвојување на новиот Закон за аудио и аудиовизуелни медиуми ќе се овозможи професионално и непартиски раководни позиции во МРТ и агенцијата за медиуми.

„Овој избор важи се додека не ги усвоиме законските измени. Законот ќе го усвоиме наскоро и со него ќе се овозможи целосна департизација на МРТ и Агенцијата“ – рече Бошњаковски