Димитров од денеска во Софија на средби со претставници со бугарските власти

14 февруари, 2018 | 9:29 часот | 43 прикажувања |

Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров од денеска престојува во Софија, каде што е предвидено да има билатерални средби со претставници на бугарските власти и да учествува на неформален состанок на министрите за надворешни работи на Европската Унија.

Димитров денеска треба да се сретне со претседателот на Бугарија, Румен Радев, со премиерот Бојко Борисов и со неговата колешка Екатерина Захариева.

Димитров и Захариева, ќе ги разменат и ратификуваните документи од договорот за пријателство, добрососедство и соработка со што практично ќе се заврши формалната постапка за стапување на договорот во сила.