Дебата за реформите во јавните набавки денеска во Стопанската комора на Македонија

14 февруари, 2018 | 9:41 часот | 43 прикажувања |

Денеска во Стопанската комора на РМ ќе се одржи дебата за реформите во јавните набавки со посебен осврт на нацрт-текстот на законот за јавни набавки.

На настанот ќе бидат презентирани реформите за јавните набавки и потоа ќе се одржи дискусија на претставници на надлежните институции со бизнис заедницата околу нивните предлози за нацрт – текстот на новиот закон за јавни набавки.

Настанот е дел од проектот на УСАИД „Партнерство за подобра бизнис регулатива“  спроведен од „ЕПИ Центар Интернационал“ со стопанските комори во државава, во соработка со Министерството за финансии на РМ и Бирото за јавни набавки на РМ.