Нашинците во Мелбурн на протест: „Ние сме Македонци во одбрана на Македонија“

11 февруари, 2018 | 12:54 часот | 6.543 прикажувања |

На 4 март, во паркот Carlton Gardens, Victoria St, Carlton во Мелбурн, Австралија ќе се одржи мирен протест под мотото „Ние сме Македонци во одбрана на Македонија“.

Протестниот марш започнува во 13 часот и 30 минути и ќе се движи по Spring St до Парламентот на Викторија.

Организаторите на маршот апелираат до сите Македонци со своите фамилии, роднини и пријатели да го посветат овој ден за спас на името на Македонија, македонскиот јазик, идентитет, црква, култура и традиции.

„Сите сме запознати дека над Македонија се надвиснати најцрните облаци, најтешките денови и најголемата неизвесност да се задржи вековното име на Македонија како и идентитетот на македонскиот народ. Заради забрзаните национални разнебитувања Македонија го повикува секое македонско чедо на 4 март да застане простум во одбрана на името на Македонија и нејзината биднина“, велат организаторите на протестот во Мелбурн.